54654

Викендов ќе се одржи првиот Thessaloniki Street Food Festival

 

Првиот Thessaloniki Street Food Festival ќе се одржи на 29 и 30 Април во Town Hall, под покровителство на градот Солун. Разни видови на кујни, посетителите ќе може да вкусат уште од рано наутро, па се до доцните часови. Ангажирани се локални диџеи да ги забавуваат гостите од целиот Балкан.

 

Solun Festival

 

„Дводневниот настан ќе биде бесплатен за сите посетители, од 10 часот наутро до 10 часот навечер. Сите оние кои се љубители на кујната, и сакаат да пробаат нешто различно, интересни вкусови со зачини, сето тоа збогатено со различни кујни и дополнително зачинети од нашите локални диџеи. Со овој настан Солун ќе го мапираме како гастрономски главен град на Балканот преку street food art, поддржани од  IEK AKMH (#learntocooksponsor), еден од најголемите едукативни институти во Грција, кои експерти ќе одржат работилница за готвење и правилна исхранда“, велат од Sould Food Thessaloniki.

Историјата на градот Солун всушност ги поттикнала и им го покажала вистинскиот пат за потребата од ваков фестивал. Токму Солун се карактеризира како еден вид на “крстосница“ од луѓе поточно, лулка на мултикултурализмот.

„Идејата за да се организира  Thessaloniki Street Food Festival се роди од нашите патувања, љубовта која ја имаме кон храната, но и тесната поврзаност за историјата со нашиот роден град. Кога патувавме низ европските земји, како на пример, Германија, Велика Британија, Шпанија, Полска, Холандија, имавме можност да ги посетиме и почуствуваме фестивалите за храна. Во нашите мисли, гастрономската потрага е поврзана со секое наше патување и истражување на уникатни вкусови, старо-нови рецепти за готвење, преточени со интересни комбинации на намирници“, додаваат организаторите.

Гастрономскиот настан е во организација на SoulFood Thessaloniki (Upnloud & Black Radio Berlin).

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012