54654

Пејачот на „Despacito“ ви ги скрши срцата одамна на А1 телевизија

 

"Деспасито" беше заводник во тинејџерска серија на А1

 

Светски популарниот хит "Деспасито" ги урива сите рекорди на слушаност не само во Македонија, туку секаде во светот. Одамна не се родил ваков летен хит кој ќе "растура" по плажите и дискотеките ова лето.

 

Despasitoneskrot1

 

Многу од девојките кои се заразија со Деспасито, несомнено се заразија и со секси фраерот кој ја пее песната, Луис Фонси. Луис Фонси е 39 годишен пејач од Пуерто Рико кој кариерата ја започнува во 1998 година, но освен со музика, се занимавал и со актерство.

 

Despasitoneskrot2

 

Можеби некои го знаеле или не го знаеле како пејач пред Деспасито, но Македонките за прв пат имаа можност да го запознаат пред точно 12 години. Всушност, Луис Фонси имал кратко актерско искуство глумејќи во мексиканската тинејџерска серија "Нескротливи срца", емитувана на А1 телевизија. Се сеќавате на оваа новела? Дијана, Браулио, Кони и ред други средношколци кои се борат против сплетките на негативците за свое место под сонцето.

 

Despasitoneskrot3

 

И токму во оваа дружина го видовме и Луис Фонси во улогата на младиот Роj, кој е вљубен во протагонистката Дијана и кој ќе се здружи со Кони за да ги разделат Дијана и Браулио.

Во продолжение, извадок од серијата :

 

 

Дани | ТВ Пакет

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012