54654

Младата писателка Ивана Костовска ја промовираше својата втора книга

 

ИВАНА КОСТОВСКА НИ РАСКАЖУВА ЗА ЉУБОВТА КАКО ФЕНИКС

 

01111111111116678

 

Во опуштена атмосфера, пријатен амбиент и многу позитивни вибрации, младата писателка Ивана Костовска го промовираше своето ново дело, насловено “Феникс”.

Видно возбудена на промоцијата во скопското кафуло ,,Концепт”, авторката Костовска во неколку реченици го претстави “Феникс”, нејзината втора по ред книга, како дело во чиј што фокус повторно е љубовта, тема за која што самата кажа дека е нејзиниот најголем двигател. “Нема да говорам многу, ќе ги оставам читателите сами да го доживеат и да го  почувствуваат тој импулс додека ги читаат расказите.“, рече Костовска

 

01111111

 

Во „Феникс “, авторката зборува за умирањето и повторното раѓање, што го претставува патот до нејзиното себеосознавање. “Случувањата во кратките раскази во втората книга „Феникс“ се поврзани со испреплетените животни одлуки, болка, многу непроспиени ноќи, умирање и така во круг до следното раѓање, кога сè почнува одново, овојпат убаво”, вели Ивана. Пораката што се проткајува низ страниците на „Феникс“ е женската борба против патријархатот.

Нејзината прва издадена една книга е со наслов „Рефлексија “, која што заедно со новата „Феникс“ можат да се најдат во продажба во сите поголеми книжарници.

Ивана Костовска е родена на 16 јануари, 1987 година во Скопје. По професија е социјален работник и најголемиот дел од своето време го посветува на борбата за еднаквоста и почитувањето на човековите права.

 

011111111113

 

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012