54654

Авалон на денешниот прес ги објави сите детали за Скопје колинг 2017

 

Авалон продукција денеска одржа прес-конференција по повод престојното издание на фестивалот Skopje Calling 2017 каде уште еднаш ги поканија љубителите на добрата музика да уживаат во американскиот електро-трпхоп состав Thievery corporation и најжешката глобална ѕвезда во моментов Martin Garrix.

Концертите ќе се одржат под отворено небо, на стадионот на АРМ. Thievery corporation се закажани за 20-ти јуни, а Martin Garrix ќе го видиме на 23-ти јуни.

 

DSC 1726

 

- Како и секој наш избор за концерт во Македонија, секогаш настојуваме да ги задоволиме апетитите на публиката од сите генерации и со различна жанровска определба. Така и овој пат се одлучивме за бенд што е маестрален во живо и можеби единствениот во светот што со својот уникатен музички стил спојува повеќе музички жанрови со елементи на електроска музика, велат од Авалон продукција.

Феноменалниот американски бенд кој го предводат Eric Hilton и Rob Garza доаѓаат во полн концертен состав, кој брои 20 музичари.

 

DSC 1752

 

Thievery corporation како музички колектив носи полно концертно искуство одбрани светски музичари кои ја обединуваат светската традиција на еден истакнато современ начин.

После феноменалниот почеток на Skopje Calling, лани, со настапите на хитмејкерите David Guetta, Robin Schulz, Kungs и Era Istrefi, годинава Скопје ќе биде домаќин на човекот којшто не е само најголема диџеј ѕвезда во светот во моментов, туку е и ултимативен глобален суперстар на целата планета.

 

DSC 1768

 

Настапот на Martin Garrix ќе се одржи во рамките на фестивалот Скопје колинг на 23 јуни, на стадионот на АРМ.

Иако има само 21 година, Martin Garrix во моментов не само што е број 1 диџеј и официјално, туку тој и со години наназад е неизоставен дел на сите големио фестивалски сцени во светот. Светската слава ја стекнува на 17-годишна возраст, со мега-платинестиот хит „Animals“ а во моментов е актуелен со хитовите „In the name of love“ со Бебе Рекса и „Scared to be lonely“ во соработка со популарната Дуа Липа, кои буквално ги покорија сите европски и светски топ листи.

 

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012