54654

Игра, пее, растура: Погледнете го новиот спот на Наташа Малинкова

 

По неколкуте одлични кавер обработки, познатата пејачка Наташа Малинкова ја објави својата најнова песна со наслов „Еј Мама“, за која сними и видеоспот.

 
66j777
 
 
Станува збор за песна со модерни звуци, налик познатите светски хитови. 
 
- „Еј мама“ е едно ново музичко искуство за мене, а верувам и за публиката која ќе има прилика да ме види сега во едно поинакво издание. Спотот во суштина е една кореографија, односно танц кој одлично кореспондира со самиот текст во песната благодарение на Ивана Балабанова и „Битрикс“. Напорно вежбавме да го постигнеме овој ефект.  Нов звук , модерен аранжман и урбана тема, така обработена и во видеото. Се надевам ќе ви се допадне - вели Наташа.
 
 
Natasa Malinkova Hey
 
 
Како автор на новата нумера комплетно се потпишува Столе Аврамов со кого Малинкова работи веќе десет години.
 
Режисер на спотот е познатиот Даниел Јовески, а дефинитивно провокативниот стајлинг на Наташа и танчерките ќе и се допадне на машката публика.
 

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012