54654

ОВА ЛЕТО ЌЕ СЕ ПАМТИ: Лозано со видеоспот за неговиот најнов хит

 

„Ова лето ќе се памти“ - е најновиот летен хит на еден од нашите најпознати пејачи - Влатко Лозаноски. Песната е веќе неколку недели на врвот од топ-листите на радиостаниците низ земјава и несомнено е дека уште долго време ќе остане така...

 

Vlatko354455

 

А, очекувано, Лозано и овој пат не го промени тимот на соработници. Како автори на оваа песна се потпишува братско-сестринскиот тандем - Лазар и Магдалена Цветковски. Не за бадијала велат: Тимот кој што победува, не се менува...

- Секое лето се памти по нешто добро, по нешто убаво, лето кое никогаш не се заборава ... "Ова лето ќе се памти" им ја подарувам на сите оние кои имале, имаат и ќе имаат убаво и незаборавно лето. Веќе подолго време оваа нумера се вртеше по радиостаниците низ цела Македонија. Очекувам и се надевам дека целиот овој пакет ќе им се допадне на сите оние кои ја почитуваат и слушаат мојата музика - вели Лозано.

Песната пред неколку дена го доби и својот видеозапис кој го изработи Бојан Тасетовиќ и неговиот тим од „Веста продукција“ од Битола.

 

 

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012