54654

Сара Фешн го прослави 18-от роденден со спектакуларно шоу

 

Со модно шоу за сите свои соработници и потрошувачи, презентирајќи ја својата последна колекција, Сара Фешн го одбележа својот јубилеј, 18 години успешна македонска приказна.

Кога пред 18 години ја основавме компанијата, си поставивме јасни цели и визија која сеуште ја следиме. Со континуирано учење и вложување, денес можеме слободно да кажеме дека сме се развила и сме токму онаму каде што планиравме, но не престануваме тука, имаме уште многу планови и задачи кои треба да ги реализираме. Покрај домашниот пазар каде што имаме 60 продавници, присутни сме и во Србија, а според нашиот бизнис план планираме проширување и на други пазари во Европа, изјави Дејан Спасовски, сопственик и генерален менаџер на Сара Фешн.

 

Sara Fashion1

 

На ревијата присуствуваа познати еминентни личности од естрадата и од бизнис секторот. Новата колекција на пижами, хулахопки и долна облека на брендовите Penti и NBB, предводени од модниот дизајнер Ивана Кнез ги презентираа манекенки од Србија.

Публиката имаше можност да ужива во настапите на Викторија Лоба која е заштитно лице на брендот за 2017 година, Симона Попоски и Диџеј Ерик Фокс, Наталија Славева, како и диџеј Бороу и специјалниот гостин за афтер забавата Димитрис Пацис.

 

Sara Fashion2

 

Навистина сум среќна што имам можност веќе една година да работам со Сара Фешн, имав можност да внесам свежина, софистицираност и уникатност во сите наши производи, со идеи кои постојано се развиваат со целиот тим. Верувам дека публиката уживаше во новата колекција и тоа ќе е поттик за следните наши предизвици. Сара Фешн не следи трендови, туку ги поставува, вели Ивана Кнез, моден дизајнер.

 

Sara Fashion3

 

Поддржувачи на целиот настан беа винарија Стоби, Горска, Jack Daniels, енергетски пијалак XL, Fantinel Prosecco, Jegermaister, Центар за креативни курсеви Кариера Плус, ресторан Парк Restaurant Park и Дина Моделс.

Сара Фешн е семејна компанија за дистрибуција на чорапи, долна облека, пижами, костими за капење, модни додатоци, која од своето основање во 1999 година, до денес работи со истиот ентузијазам и љубов, вложување и едукација во своите кадри и постојано проширување на своето производствено портфолио.

 

Sara Fashion4


Компанијата особено внимание посветува на квалитетот на своите производи, сето тоа постигнувајќи го со контрола и имплементирани стандарди во работењето, а резултатот е бренд кој е препознатлив и прифатлив за сите. Покрај сопствен бренд, Сара Фешн се ексклузивни застапници на повеќе светски признат брендови и тоа: Penti, Nbb, Pompea, Donella, Apple, Milano.

 

Sara Fashion7

 

извор: emagazin.mk

 

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012