54654

Викторија Лоба ја промовира новата колекција на Сара Фешн

 

Сензуално и комфорно, заводливо и возбудливо, со овие зборови се опишува новата колекција на Сара Фешн за долна облека и пижами за престојната есен-зима 2017/18 година.

 

Loba 1

 

Познатата пејачка Викторија Лоба како заштитно лице за 2017 година на Сара Фешн, позираше пред објективот на фотографот за новата колекција. Токму таа го презентира памучнот програм на маици, килоти и пижами, како и сензуални парчиња на градници и килоти кои веќе се во продажба.

 

Loba 3

 

Колекцијата премиерно се претстави на спектакуларното модно шоу My sweet 18 по повод 18 години од комапнијата, на која присуствуваа емитентни личности од естрадата и бизнис секторот од цел Балкан.

„Нашата нова колекција е наменета за сите припаднички од понежниот пол кои сакаат да се чувствуваат модерно, секси и пријатно во секој дел од денот. Памучниот состав на долната облека и пижами е во комбинација со различните модели и модерни дезени. Провокативната долната облека е претставена во неколку бои и дезени, вклучувајќи ги класичните црно-бели тонови, но и во јаки црвени нијанси, како и во женствената боја на вишна“ велат од Сара Фешн.

 

Loba 4

 

Компанијата има специјализирани 60 продавници низ цела Македонија, кои на своите потрошувачи им нудат широк асортиман на долна облека, пижами, костими за капење, хулахопки, чорапи и модни детали. Ексклузивни застапници се на повеќе светски признат брендови и тоа: Penti, Nbb, Pompea, Donella, Apple, Milano.

 

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012