54654

Фото | Импресии од третиот ден на Модниот Викенд Скопје

 

На претпоследниот ден од шеснаесеттиот Моден викенд Скопје, вчеравечер во „Скопје Мериот Хотел“ беа прикажани најновите колекции на ателјето „Алшар“, „Walone

fashion group“ , српската дизајнерка Ана Трошиќ Трајковиќ и „Shaleva Couture“.

Колекцијата “Калеш Анѓа“ која ја потпишува Силвија Миха од ателјето „Алшар“ е инспирирана од истоимената книга на Столе Попов и македонските револуционери, особено од жените и нивната борба за слобода и личен избор.

 

Alshar1

 

„Кроевите и формите на креациите се инспирирани од македонските носии и облеките на нашите револуционери но претставени со асиметрични и авангардни форми, често со изразен волумен и суптилни детали од македонскиот фолклор.“, вели Миха.

Косовската модна куќа „Walone fashion group“ која станува редовен учесник на Моден викенд Скопје, во најновата колекција за есен-зима, 2017/2018 носи модели составени од вечерни тоалети и венчаници.

 

Walone1

 

Српската дизајнерка Ана Трошиќ Трајковиќ со колекцијата „42“ за прв пат се претстави пред македонската публика. Креациите се инспирирани од познатиот роман „Автостоперски водич низ галаксијата“ напишан од Даглас Адамс, па оттука 42, како одговор на прашањето за животот, универзумот и сѐ останато.
„Shaleva Couture“ ја прикажа најновата колекција „French elegance“ инспирирана од барокниот стил и француската мода со креации во црна боја и златни детали.

 

ANATROSHICTRAJKOVIC1

 

Во текот на вчерашниот ден беа одржани менторски сесии во рамките на „Програмата за поддршка и развој на мали и средни претпријатија во креативната индустрија“ која Моден викенд Скопје ја организирше со поддршка на Министерството за економија во Р. Македонија. Предавања одржаа Јована Зука, Анита Гај, „Ани и Дими“ и Елена Додевска на темите: Што е стил и колку е важен за Вашиот бренд, Брендирање на производите, Важноста на фотографијата за модните брендови и Основи на менаџментот во модата и упатства за започнување на бизнис и методи во производството.

 

Shaleva1

 

Целта на овој проект е менторство, промоција и демонстрација на креативноста на младите дизајнери на облека, обувки и галантерија пред општата јавност, медиумите, експертите, купувачите, со цел да се воспостави и да се зајакне нивниот бизнис преку заемно корисни контакти и соработка со крајна цел- подобра пазарна економија.
Веруваме дека стратешкото
негување на креативните индустрии во Македонија ќе помогне да се развијат растот на МСП и претприемништвото со што ќе се подобри бизнис атмосферата во регионот. Шеснаесеттиот Моден викенд Скопје ќе биде затворен вечерва во „Иновативниот центар на Македонски Телеком“ со мултимедијална презентација на Ирина Тошева поддржана од topsi.mk.

 

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012