54654

Седум стари светски чуда - креативни работилници за деца од 9-15 години

 

Работилници за деца од 9-11 и 12-15 години: Седум Стари Светски Чуда!

Би сакале ли вашите деца да ги проучат Седумте Стари Светски Чуда и низ игра и забава да развиваат три универзални вештини (Моќ, Постигнување, Хедонизам)? Дали би сакале вашите деца преку едукација и креативни игри да патуваат низ времето и развиваат животни вештини?

Во таа насока, се организираат креативни работилници за деца од 9-11 години од 10-12ти Јануари 2018 година, и втора тродневна работилница од 12-15 години од 17-19ти Јануари. Децата ќе може да изучуваат три универзални вредности преку проучување на Седумте Стари Светски Чудa (Вавилонски Висечки Градини, Статуата на Зевс во Олимп, Артемидиниот Храм во Ефес, Мавзолејот во Халикарнасу, Колос од Родос, Светилникот од Фарос, Египетските пирамиди)

 

Sedumsvetskideca1



Времето на одржување на настанот е од 10.00-14.00, а цената е 400 денари/ден или 1200 денари за трите дена. Пријавувањето може да го извршите на меил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , контакт бројот е 078 242 365.
Бројот на пријавени е ограничен.

Седумте светски чуда претставуваат исклучителни дела на уметноста и архитектурата на Стариот век. Денес постои само едно од 7те светски чуда, а тоа се египетските пирамиди. Сите седум чуда се наоѓаат на крајбрежјето на Средоземно море и се изградени од 7-3ти век пред наша ера.

 

Sedumsvetskideca2



Програма:
Ден 1 - Моќ
Како со проучување на Седумте Стари Светски Чуда децата да ја разберат Моќта?
Зошто моќта се манифестира преку социјален статус и престиж, контрола над другите луѓе и ресурси?

Ден 2 – Постигнување
Како со проучување на Седумте Стари Светски Чуда да го разбереме Постигнувањето?
Зошто Постигнувањето се манифестира како личен успех преку демонстрирање на таленти и социјални стандарди?

Ден 3 – Хедонизам
Како со проучување на Седумте Стари Светски Чуда да го разбереме Хедонизмот?
Зошто Хедонизмот може да предизвика задоволство и сетилно уживање од себе си?

Една работилница е поделена на 3 сегменти, и тоа:
1. Изработка на Кутија на Тајните // 90мин
2. Дискусија + пауза за оброк // 60мин
3. Аматерска глума и анимиран филм // 90мин

За сите учесници следува купон со 20% попуст за програмот "Мали и Возрасни Генијалци".

 

Дани | ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

1111ivan Baner

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012