54654

Видео | Познат е финалниот line-up за фестивалот „Skopje Calling 2018“

 

Авалон со гордост најавува голем настан ова лето

 

Познат е финалниот line-up за четиридневниот фестивал "SKOPJE CALLING 2018". Фестивалот го отвораат Axwell and Ingrosso на 21 јуни, на 22 јуни доаѓаат Morcheeba, а како специјално изненадување доаѓа големата француска атракција Nouvelle Vague, која ќе настапи заедно со Morcheeba истата вечер.

 

Skopjecalling20181

 

На 23 јуни вечерта е резервирана за љубителите на рок музиката, зашто за прв пат во регионот доаѓа еден од најголемите британски бендови на сите времиња- Тexas, а за прв пат на голем оpen air концерт во Скопје ќе можете да го видите и Дарко Рундек со неговиот бенд.

Фестивалот се затвора со последната голема ѕвезда на електронската музика, Alan Walker, кој што од логистички причини својот настап наместо на 2 јуни, ќе го има на 24-ти јуни, како големо затворање на овој четиридневен фестивалски спектакл.

 

Skopjecalling20182

 

Евидентно е дека ова е најголем музички настан од независноста на Македонија, затоа што никогаш во Скопје досега на едно место во четири дена немало толку многу квалитетни светски музички артисти, што го прави SKOPJE CALLING уникатен фестивал ова лето во Македонија.

 ВАЖНО: Сите оние што имаат купено влезници за ALAN WALKER за 02 јуни, истите ќе им важат и за новиот датум- 24 јуни.

 

Skopjecalling20183

 

Цените на влезниците за настаните се следни:

AXWELL & INGROSSO:

ПАРТЕР 2- 1000 денари

ПАРТЕР 1- 1500 денари

ФАН ПИТ- 2000 денари

 MORCHEEBA & NOUVELLE VAGUE:

ПАРТЕР- 1000 денари

ФАН ПИТ- 1500 денари

 TEXAS & DARKO RUNDEK:

ПАРТЕР- 1000 денари

ФАН ПИТ- 1500 денари

 ALAN WALKER:

ПАРТЕР- 1000 денари

ФАН ПИТ- 1500 денари

 

 

Исто така, од понеделник, 28 мај, ќе има во продажба и блок карти за сите четири фестивалски денови, по цени од:

ПАРТЕР- 2000 денари

ФАН ПИТ- 3000 денари

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012