54654

Најдобрата божиќна вечера ќе се приготвува во кујната на TLC

 

Премиера на 30 ноември во 20 часот на TLC

 

Boziknaveceratlc1

 

“Најдобрата божиќна вечера”  е кулинарско ТВ шоу од 4 епизоди кое претставува локални верзии на божиќната вечера подготвена од топ шефови во Романија, Бугарија, Унгарија и Србија, со цел да се открие традицијата во овие земји, кулинарските приказни позади нив и секако новите вкусови. Снимањето на серијалот се одвиваше во Букурешт, Романија на почетокот на ноември.

 

Boziknaveceratlc2

 

Во секоја нова епизода, еден од топ шефовите во регионот ќе ве научат како да го направите вашите божиќно мени поразновидно. Овој тип на шоу е еднинствен од овој тип заради регионалниот аспект на истото. Идејата е да се доближат кујните на нашите соседи до гледачите. Во секоја епизода ќе се приготвуваат по два традиционални рецепти, секој од нив специјалитет во нивната држава.

 

Boziknaveceratlc3

 

Топ шефови кои се дел од серијалот се  Шеф Фоа од Романија, Иван Манчев од Бугарија, Андраш Јокути од Унгарија и Ненад Гладиќ од Србија, сите познати во своите држави со свои кулинарски шоуа, од кои дел им се познати и на македонските гледачи.

Специјалитетите ќе ги приготвуваат користејќи исклучиво традиционален прибор и додека секој од нив го приготвува специјалитетот, останатите тројца ќе ја надгледуваат работата, притоа коментирајќи го рецептот и на крај секако ќе ги дегустираат специјалитетите заедно.

 

Boziknaveceratlc4

 

Премиерата е закажана на 30 ноември во 20 часот и секоја нова епизода ќе се прикажува во среда на ТЛЦ, а маратон од сите 4 епизоди ќе се емитува и на Божиќ, 7 јануари.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012