54654

Нова сезона на најопасниот рибарски лов „Dungeon cove“

 

Секој вторник во 20 часот на Дискавери

 

Њупорт во државата Орегон е еден од последните рибарски гратчиња, сместен на работ на озлогласниот и див залив наречен „Пацифички гробишта“, кој пак се протега од Орегон до Британска Колумбија. Во Њупорт, веќе со генерации рибарите кои се занимаваат со лов на ракови, заедно со своите семејства, жртвуваат сè што имаат, за да можат да живеат исклучиво од морето.

 

Najsmrtonosnasezona1

 

Илјадници бродови и животи се изгубени во борбата со најсмртоносното комерцијално рибарење на светот. На брегот на Орегон, морето е полно со живот, но изобилува и со лавиринти од песочни наноси и силни струи.

Серијалот „ Deadliest Catch: Dungeon Cove“ не носи на палубите на бродовите кои пловат во тој дел на бурното море со непредвидливи временски услови. Најсмртоносната сезона досега го истражува и животот на оние кои ги чекаат нивните најблиски да се вратат дома.

 

Najsmrtonosnasezona2

 

Секоја година немирното море усмртува рибари, но семејствата од Њупорт живеат со тој товар и желбата да ја зачуваат историјата и да го одржат градот во живот. Проследете ја секоја нова епизода на Дискавери каналот секој вторник.

 

Дани | ТВ Пакет

Dejavu Baner

Bannerprimetime

PvD 300x300

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012