54654

Потврдено : Пол Бетани - ѕвезда на серијалот „Манифесто“ на Дискавери

 

Пол Бетани во улогата на Унибомбер

 

Пол Бетани е првиот службено потврден член на актерската постава на долго очекуваниот серијал на Дискавери каналот - "Манифесто", чие прикажување е предвидено за следната година. За продукцијата се задолжени Lionsgate и Tigger Street Productions, а серијалот ќе ни покаже како ФБИ го разоткрива Тед Кацински (Пол Бетани), познатиот озлогласен криминален светски мозок или попознат како „Унабомбер“. Ова во исто време ова претставува и прва главна улога за Бетани за американска телевизија.

 

Polbetani1

 

 Пол Бетани на публиката и е познат по улогите во „Gangster No. 1“, „Captain America: Civil War“, „A Beautiful Mind“, „Master and Commander: The Far Side of the World“, „Dogville“ , „Wimbledon“ и „The Da Vinci Code“. Неговиот глас го препознаваме и во фимовите на Марвел меѓу кои и два дела на  „Iron Man“ , „Avengers“ и „Avengers: Age of Ultron“. Во моментов Бетани го снима филмот „Journey's End“ .
Продуцентите на серијалот "Манифесто" се Кевин Спејси и Дана Брунети за Trigger Street, а сценариото го потпишува Ендру Содроски („Holland, Michigan“). Извршен продуцент е наградениот со Еми награда Грег Јетејнс („Quarry", „Banshee").

 

Polbetani2

 

 Серијалот е дел од одбраните играни сценарија кои ќе го збогатат Дискавери под водство на Рич Рос, претседател на групацијата Дискавери, Анимал Планет и Сајанс каналот. Рос го ангажира и продуцентот Џон Голдвејн, кој беше продуцент на мини серијалот „Харли и Дејвидсонови“ кој резултираше со повеќе 4,4 милиони гледачи на Дискавери во септември, а со тоа стана најгледана мини серија која се прикажува на кабелска телевизија во последните 3 години.

 

Polbetani3

 

"Манифесто" ќе ни открие како Џим „Фитц“ Фитцџералд ги предизвикал познатите начини на собирање на податоци со својот радикален пристап. Фитцџералд се занимавал со профилирање на луѓе, но неговиот фокус кон лингвистиката станува витален дел за решавање на случајот. Тој бил уверен дека клучот за откривањето на вистинскиот идентитет на Унибомберот се наоѓа во неговиот манифест, односно деталните записи на Кацински.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012