54654

Дискавери ќе емитува серијал за скијачката ѕвезда Линдзи Вон

 

Серијата за Линдзи Вон ексклузивно на Еуроспорт на 5 февруари

 

Скијачката звезда Линдзи Вон ќе овозможи на обожавателите уникатен пристап во нејзиниот живот во серијата Chasing History (Лов на историјата) која премиерно ќе се прикаже на Еуроспорт на 5 февруари, недела, во 19 часот.

 Серијалот ја следи најуспешната спуст скијачка, додека се обидува да го оствари својот сон и да го сруши рекордот во број на победи во трки на Светскиот куп и по четврти пат да настапи на Олимписките игри.

 

Lindsivon1

 

 Првите епизоди ја прикажуваат агонијата на Линдзи Вон по падот и кршењето на коските на десната рака во ноември минатата година. Гледачите ќе имаат можност да го следат нејзиното опоравување од операцијата, рехабилитацијата и враќањето на скијањето. Овие ексклузивни снимки ќе ја приближат спортската легенда до обожавателите, како на снежната патека, така и надвор од неа.

 „Кога во октомври минатата година го најавивме овој проект, им ветив на гледачите на Еуроспорт дека ќе им овозможам уникатен увид во мојот живот, на патеката и надвор од неа. Знаев дека ме чекаат многу предизвици, но не очекував дека веднаш на почетокот ќе морам да се соочам баш со таков предизвик. Снимањето само што започна, а јас ја скршив раката. Во првите епизоди гледачите ќе можат да го следат моето опоравување и мојата одлучност да се вратам на скиите, бидејки камерите на Еуроспорт ме следеа секој момент.

 

Lindsivon2

 

Повредите се дел од животот на секој спортист, никогаш не знаеш што те чека. Навикнав да ги пребродам тешките моменти, но ова беше најтешко досега. Беше фрустрирачко, но сега се враќам и сум фокусирана на својата цел- рушење на рекордот на победи на Светскиот куп и настап на Олимписките игри. Еуроспорт ја следеше мојата кариера од првиот ден и ми е драго што гледачите на Еуроспорт ќе ме следат во ловот на историјата“, изјави Линдзи Вон.

 

Lindsivon3

 

 Првите две епизоди со траење од по 30 минути, лично ќе ги води олимписката победничка, а ќе се емитуваат на 5 февруари во 19 часот. Премиерата го обележува враќањето на Линдзи на натпреварувачкото скијање во Алтернмаркт-Зауензе, каде го заврши својот спуст на 13 место, потоа Гармиш Партенкирхен и Кортина Д’Ампезо, каде Вон минатата година го сруши рекордот Ан Мосер-Прол на Светскиот куп со својата 37 победа.

 „Лов на Историјата“ ќе се емитира на сите Еуроспорт канали и платформи, вклучувајќи го и Eurosport Player – услуга на барање на ексклузивна содржина во живо.

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012