54654

Серијал за најмоќните возови на светот започнува на Дискавери

 

Од 11 февруари, па секоја следна сабота во 19 часот

 

Возовите низ целиот свет превезуваат најразлична стока и товари.  Најмоќните возови на светот се прикажуваат од сабота на Дискавери каналот во серијалот „Мегавозови“.

 

Megavozovoi1

 

Некои спречуваат економска изолираност на далечни територии, други спојуваат земји или луѓе,  трети пак, и пркосат на природата и јурат низ диви подрачја. Покрај тоа, превезуваат опасни материи или стока која е неопходна за некоја земја и таквите возови имаат големо влијание врз секојдневниот живот на илјадници луѓе.

 

Megavozovoi2

 

Во мауретанската пустина, воз долг 2,5 километри, јури низ пустинските дини товарен со железна руда која е главен извор на богатство за таа земја.

Во Канада, 45 вагони поминуваат илјадници километри меѓу градовите Принц Руперт и Витер на Алјаска, без оглед на временските услови. Авантури се сокриени на секој агол, но и во секој момент може да се појави опасност.

 

Megavozovoi3

 

Првата епизода проследете ја на Дискавери на 11 февруари во сабота од 19 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012