54654

Пилотите кои спасуваат животи од 11-ти април на Дискавери

 

Две години по страшниот потрес во Непал кој однесе илјадници животи, а беше и причина за лавината на Еверест во која загинаа 22 луѓе, искачувачите повторно се вратија на највисоката планина на светот. Храбрите пилоти на хеликоптери кои тогаш се обидоа да спасуваат, работеа на оживување на погоденото подрачје и сега се враќаат повторно во спасувачка акција. За нив е снимен серијалот  „Спасување од Еверест“ кој на Дискавери ќе се прикажува во вторниците во 22 часот, започнувајќи од 11 април.

 

Everestspasuvanjepil1

 

Минатата сезона, во придружба на Шерпи, стотина планинари и авантуристи се обидоа да го освојат Еверест. Тоа е опасен, тежок и потенцијално смртоносен потфат. Со тенката линија меѓу животот и смртта, судбината и на најискусните планинари и Шерпи е оставена во рацете на неколкуте пилоти на хеликоптери. До крајот на минатата сезона забележани се неколку стотини повици за помош. Одговорот на тие повици не е само еден од најопасните работи на светот, туку истовремено остава и неопислива емоционална трага во животот на пилотите.

 

Everestspasuvanjepil4

 

•  Издадени се вкупно 289 дозволи за искачување, заедно со повеќе од 350 Шерпи кои ги следат.

•  Пет алпинисти умреа лани на Еверест. Три Индиски планинари, Холанѓанец и Австријка како и еден Шерпа после смртоносен пад.

• Хеликоптерите смеат да летаат само до базниот камп, а повеќе од тоа смеат да одат само во операции за спасување. Вкупно се остварени 150 летови околу и над базниот камп.

• За прв пат во историјата, Владата на Непал додели посебни дозволи за хеликоптери со кои имаат дозвола за лет до Камп 1 и достава на опрема за искачување. Пилотите Џејсон и Сидарта ја спроведоа оваа мисија чија цел е да се смали бројот на повеќекратни искачувања на Шерпите преку ледопадот Кумбу.

 

Everestspasuvanjepil2

 

Серијалот „Спасување од Еверест“ во 6 епизоди на гледачите го приближува едно од најубавите и најопасни места на светот. Мултинационалните тимови за потрага и пилоти  на хеликоптери за спасување секој ден будно ја следат планината, за во случај на незгода веднаш да тргнат во помош на повредените. Оваа серија нуди ексклузивен увид во акцијата на бестрашните пилоти и медицински единици кои заедно одговараат на итните повици за помош.

 

Everestspasuvanjepil3

 

Продукцискиот тим снимаше на терен точно една година по потресот кој го погоди тоа подрачје во 2015. Ексклузивните снимки сведочат како спасувачките екипи реагираат по повторното отворање на сезоната за искачување на Еверест.

„Да се однесат гледачите на извонредни места и голем пристап е мисија на Дискавери. Со оваа серија, истражуваме драматичен, нов, психички и емоционален терен“, изјави Марџори Каплан, директор за содржина на Discovery Networks International. „Почестени сме што луѓето ги ризикуваат своите животи за да им помогнат на другите на едни од најтешките и најнемилосрдни терени, како и што дозволија пристап на нашите камери во нивниот свет“.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012