54654

Убиството на 6-годишната Џонбенет продолжува да интригира на TLC

 

Нов серијал на TLC - истрага на една од најголемите светски мистерии

 

Злочинот кој го привлече вниманието на целиот свет- шестгодишното девојче кое учествуваше во натпревари за убавина, мистериозно е убиена во својот дом после Божиќ во 1996 година. Детективите се соочиле со голем број лажни дојави, компромитирано место на злочинот и лавиринт од обвинувања и вперени прсти.

 

Jonabet1

 

Сега, 20 години подоцна, ТЛЦ детално ја истражува секоја трага и фрла ново светло на сѐ уште нерешеното убиство на Џонбенет Рамзи. Во тринеделната серија „Џонбенет: Тајната на едно американско убиство“, која започнува да се емитува во недела од 22 часот, ТЛЦ го истражува отворениот случај за убиството на Џонбенет и хронолошки ги преиспитува доказите од оваа мистерија. Discovery Networks International ќе ја прикаже оваа серија во повеќе од 220 земји и територии.

 

Jonabet2

 

 Серијалот „Џонбенет: Тајната на едно американско убиство“, ќе овозможи целосен и сеопфатен преглед на Џонбенет Рамзи. Додека насловите на новинарите детално го бележат секој чекор на истражителите, очекувајќи сензационална вест, цела Америка стана маѓепсана од шестгодишното девојче и бизарните околности во нејзиниот случај. Серијалот ќе прикаже ретко видени снимки од полициско испитување, запечатени документи и повеќе од 500 семејни фотографии, и одблиску ќе го испита секое ќоше на оваа трагична и контроверзна истрага на убиството.

 

Jonabet3

 

 Ексклузивните испитаници кои ќе се појават во оваа тринеделна серија се и поранешниот истражител на окружното обвинителство, кој ќе ни го долови внатрешното работење на канцеларијата во критичните моменти од истрагата. Дајен Димонд, новинарка  која од самиот почеток го покривала случајот на терен. Боби Браун и Стив Писи, пензионирани детективи познати по решавањето на некои од најтешките случаи во САД.

Во серијалот своето мислење ќе го дадат и Оли Греј и Џон Сен Аугустин, приватни истражители на семејството Рамзи. Поранешниот началник на полицијата во Болдер, Боб Витсон, кој бил присутен во куќата на семејството Рамзи кога телото на Џонбенет е откриено и Памела Грифин, пријателка на семејството, која рачно ги шиела сите костими за натпреварите за убавина на Џонбенет.

 

Дани | ТВ Пакет

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012