54654

Мекинро бара промена на името на познатата емисија на Еуроспорт

 

Џон Мекинро, комесарот за тенис (Commissioner of Tennis), бара гледачите да ја поддржат неговата кампања

Комесарот за тенис, Џон Мекинро, покрена кампања за промена на името на познатата емисија за тенис на Еуроспорт Game Set & Mats.

 

Merino2

 

Емисијата треба да го промени името во Game, Schett & Mats, со што би се оддало признание на соработниците на Метс Виландер, водителката Барбара Шет. Комесарот во посебно издание на својата серија во текот на неделната емисија Game, Set & Mats, ги повика љубителите на тенисот да искажат поддршка на иницијативата преку социјалните мрежи.

Мекинро иницијативата ја покрена како резултат на бројните барања кои стигнуваа од фановите на социјалните мрежи во текот на овогодишниот Австралија Опен и Ролан Гарос да во името на емисијата се вклучи и презимето Шет.

 

Merino1

 

Џон Мекинро изјави: „Емисијата Game, Set & Mats се прикажува веќе 10 години, не мислите дека е време за промена на името?“

„Самопрогласениот комесар знае дека тоа луѓето го сакаат.  Како би било името да се промени во Game, Schett & Mats? Ако луѓето се согласуваат со комесарот нека го користат хаштагот #GameSchettMats”. Мекинро очекува во следните 48 часа колегите и тениските легенди да ја изразат својата поддршка и да ги натера шефовите на Еуроспорт да го променат името во Game, Schett & Mats ВО ТЕКОТ на Ролан Гарос.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012