54654

Автомобилската трка „24 часа Ле Манш“ директно на Еуроспорт

 

24 часа Ле Манш- директно на Еуроспорт

 

Еуроспорт со директен ќе ја пренесува автомобилската трка 24 часа Ле Манш, и тоа секоја минута од стартот во сабота 17 јуни во 5 часот, сѐ до целта во недела во 15 часот. Во посебни емисии и преноси од тренингот, Ле Манш на програмата на Еуроспорт ќе биде вкупно 38 часа.

 

Lamanseurojul20173

 

 Еуроспорт и оваа година соработува со Том Кристенсон, кој кај поклониците на трката важи за г-н. Ле Манш, човек кој има победено на трката дури 9 пати. Преку неговата емисија „Кристенсен, Ле Манш тренер“, гледачите ќе ги добијат сите потребни информации за трката и многу повеќе. 24 часа Ле Манш се вози по 85-ти пат и е најстарата активна трка за спортски автомобили во издржливост. Се смета дека победникот ќе мора да помине околу 5233 километри, што е 384 круга на патеката долга 8466 метри.

Само двајца кандидати се за севкупна победа. Порше и Тојота. Јапонците со 3 автомобили, Германците со два. Во секој по три возачи кои ќе се менуваат во текот на возењето.

 

Lamanseurojul20172

 

Но, Светското првенство во издржливост има 4 категории, така да ќе видиме разни прототипи во борбата за најдобрите во класата LMP2, Ferrari и Ford во борбата за првото место во GTE Pro и Ferrari и Aston Martin за круната меѓу GTE Am. Еуроспорт ќе користи 3D техника за да гледачите ги воведе во самата срж на трката и да го доживеат 24 часа Ле Манш на досега невиден начин.

Лотерер, Кобајаши, Сарацин, Буеми, Дејвидсон, Накаима, Пике Џуниор, Гутјерез, Петров, Ламерс, Баричело, Б.Сена, Фисичела и Лами... се поранешни возачи на Формула 1, а сега ќе ги видиме во главните улоги на Ле Манш. Порше има најмногу победи на Ле Манш, дури 18. Британските возачи имаат најмногу победувано и тоа 30 пати. Французинот Хенри Песцароло има стартувано дури 33 пати.

 

Lamanseurojul20171

 

Во неделата на Ле Манш, од понеделник, 12 јуни, Еуроспорт секој ден ќе емитира емисија и преноси од Ле Манш. Во среда и четврток се тренинзите и квалификациите. Викендот е исполнет со преноси и емисии, секако со директен пренос од трката која започнува во сабота во 15 часот.

Трката од хрватското студио на Еуроспорт ќе го следат коментаторите Горан Дијаковиќ, Мирослав Перкушиќ и Игор Ослиќ, а стручен коментатор ќе биде Мартин Кодриќ, кој моментално е најекспонираниот хрватски возач. Мартин вози во Бланципан серијата и победува со својата екипа Barwell Motorsport’s Lamborghini, во трките кои исто така ги пренесува Еуроспорт.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012