54654

„Катар ервејс“ го прослави пристигнувањето на првиот лет Доха-Скопје

 

„Катар ервејс“ го прослави пристигнувањето на воведниот лет до скопскиот аеродром „Александар Велики“ на 17 јули со прес-конференција и гала-вечера во хотелот „Мериот“ во Скопје. Домаќин на настанот беше г-дин Ехаб Амин, главен комерцијален директор на „Катар ервејс“, којшто ги пречека ВИП-гостите меѓу кои беа и генералниот директор на „ТАВ Македонија“, г-дин Алпер Ерсој, македонскиот амбасадор во Катар, г-ѓа Вукица Кртолица Поповска, катарскиот амбасадор во Скопје, г-дин Хасан Бин Абдула Заид Ал Махмуд и македонскиот министер за транспорт и врски г-дин Горан Сугарески.

 

1qatar1

 

Присутните на гала-вечерата, ВИП-претставници од Македонија и од Катар, ги пречекаа гостите од туристичката индустрија и медиумите, и уживаа во спектакуларна забава и централен настап на познатата славната македонска пејачка Јана Бурческа.

Главниот комерцијален директор на „Катар ервејс“, г-дин Ехаб Амин, на прес-конференцијата изјави„Одушевен сум што сум тука да го прославиме почетокот на летовите на „Катар ервејс“ до Скопје, нашата порта до Источна Европа, преку нашиот центар, интернационалниот аеродром „Хамад“ во Доха. „Катар ервејс“ е горд што го носи доживувањето со пет ѕвезди во македонскиот главен град, којшто е толку богат со култура и со историја“.

„Доха ќе биде возбудлива можност за патување за македонските граѓани, како за бизнис, така и за туризам, но, исто така, ќе биде нова прилика за Македонците кои живеат во Австралија и во Нов Зеланд, да ја посетат својата татковина. Освен тоа, се надеваме дека Македонија со природните убавини и културно-историското наследство, ќе биде откриена како интересна дестинација од катарските туристи и претставници на бизнис-заедницата. Присуството на „Катар ервејс“ во Македонија како бренд, ќе го направи Скопскиот аеродром уште попривлечен како пазар, отворајќи нови можности за развој, и дополнително ќе придонесе во понатамошен раст на авиосообраќајот“, истакна г-дин Алпер Ерсој, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

„Катар ервејс“ забрзано ја продолжува својата експанзија во Источна Европа, со услугите во Прага, Чешка, Сараево, Босна и Херцеговина и Киев, Украина, кои што ќе започнат до крајот на август. Наградуваната авиокомпанија е посветена на привлекување повеќе посетители во Источна Европа додавајќи дополнително ниво на избор за патниците кои доаѓаат од или патуваат до Хрватска, Унгарија, Азербејџан и другите источно европски дестинации.

Како одговор на растечката побарувачка, летовите до Загреб минатата година се зголемија на десет неделно, додека во Будимпешта и Баку достигнаа 12 летови неделно во јуни 2017. Туризмот кон Источна Европа се очекува да расте откако авиопревозникот изминативе години воведе рути до Србија, Ерменија, Полска, Романија и Бугарија.

Новата рута до Скопје на луѓето од Република Македонија ќе им обезбеди можност да се поврзат со повеќе од 150 дестинации што се дел од глобалната мрежа на авиокомпанијата преку нејзиниот центар во Доха, на меѓународниот аеродром „Хамад“.

„Катар ервејс“ ќе ги оперира четирите неделни лета до Скопје со наградуваниот воздухоплов „Ербас А320“ што вклучува 12 седишна во бизнис класата и 132 во економската. Патниците и во бизнис и во економската класа можат да уживаат во супериорниот систем на забава на авиопревозникот, што содржи 3.000 опции.

 

2qatar2

 

Дополнително, почетокот на услугата за карго превоз до Скопје со „Катар ервејс карго“ ќе го поддржи растот на воздухопловната трговска размена во Република Македонија со тоа што земјата ќе ја поврзе со главните увозници во североисточна Азија преку врвниот центар на авиокомпанијата во Доха. Новиот Центар за климатска контрола на карго превозникот уште повеќе ги подобрува беспрекорните решенија на ладен ланец и нуди перфектни транзитни услуги што ќе го поддржат извозот на свежо овошје и зеленчук од Скопје.

„Катар ервејс“, националниот авиопревозник на Државата Катар слави 20 години заедничко патување со патниците на повеќе од 150 бизнис и туристички дестинации. Една од најбрзо растечките авиокомпании во светот во 2017/2018 година ќе додаде низа возбудливи нови дестинации во својата мрежа што постојано се шири, превезувајќи ги патниците со својата модерна флота од 200 воздухоплова.

 

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012