54654

Геј парот - дизајнери на ентериер со ново телевизиско шоу на TLC

 

Нов серијал од 22 јули (сабота) во 21 часот на TLC

 

Нејт Беркус, дизајнер на ентериер кој се прослави со корисни совети за убаво живеење и фантастични преобразби на станбени објекти во шоуто на Опра, има нова телевизиска серија. Овој пат заедно со својот животен партнер Џеримаја Брент, кој исто така е дизајнер, им доаѓа на помош на обичните луѓе за да им помогне во реновирањето на нивниот дом. Нивниот прв заеднички потфат на малите екрани, „Нејт и Џеремаја пристигнуваат на помош“, премиерно ќе се прикаже од сабота 22 јули во 21 часот на ТЛЦ каналот.

 

Nejttlc1

 

Овој пар преку серијалот ќе го прикаже нивниот живот внатре и надвор од нивниот дом, како пливаат во заедничкиот живот,  ја одгледуваат нивната ќерка Попи и истовремени неугледните станбени простори ги претвораат во дом од соништата.

 Во секоја едночасовна епизода, Нејт и Џеримаја го користат својот талент и неодолив шарм за да ги преобразат туѓите животи со помош на стручното дизајнерско искуство, и на тој начин да ги спасат сопствениците на куќите кои ги имаат пречекорено своите пресметки и рокови за реновирање на домот. Земајќи ја во предвид пресметката и начинот на живот на паровите, Нејт и Џеремаја храбро го менуваат распоредот и градат практични, но елегантни простори. Потоа бараат уникатни дизајнерски предмети за да внесат карактер и личен печат во сите освежени простори.

 

Nejttlc2

 

 Но радоста и предизвиците со кои Нејт и Џеремаја се соочуваат професионално, не се ништо во споредба со нивната најголема работа- одгледувањето на нивната ќерка Попи. Гордите родители ја водат публиката во својот приватен живот и откриваат како постигнуваат рамнотежа меѓу кариерата и дружење со „девојката која промени сѐ“.

 Во првата епизода, Нејт и Џеремаја ги спасуваат Бренда и Скот, чија реновација на домот стои во место бидејќи се обидуваат да живеат во градежна зона. Парот ќе почувствува неверојатно олеснување и среќа кога дизајнерското дуо ќе се појави на куќниот праг на семејството. Додека Бренда и Скот се мачат со донесување на извршни одлуки, Нејт и Џеремаја преземаат контрола и се фаќаат во костец со преобразба на домот во ремек-дело.

 

Nejttlc3

 

И покрај пресметката од 40 илјади долари, талентираните дизајнери се ослонуваат и на помошта на своите пријатели за да го остварат сонот на ова семејство. Но, пред да почнат, Нејт и Џеремаја мора да завршат со селењето во нивниот дом во Беверли Хилс. Можат ли талентираните татковци да го избалансираат својот живот додека ги спасуваат Бренда и Скот од нивната ноќна мора?

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012