54654

Нов серијал на TLC за вистинскиот живот на американските семејства

 

Секоја сабота, без цензура во 21 часот

 

TLC носи инспиративни, шокантни и емотивни моменти од животот на луѓето во новата серија „Тоа е животот“, која ќе се прикажува од сабота, 16 септември во 21:00 часот. Серијата „Тоа е животот“ ги води гледачите во реалниот живот на семејствата ширум САД.

 

Toaezivotot1

 

Оваа емотивна серија ги следи семејствата кои се наоѓаат во исклучителни околности, и настаните ќе ги погледнете без цензура, онака како што навистина се случуваат. Приказните кои ќе им бидат прикажани на гледачите се автентични, без филтри и откриваат животни ситуации кои  дури е тешко да се замислат. Гледачите преку нив ќе ја делат радоста и ентузијазмот на вистински луѓе во клучните моменти од нивниот живот.

 

Toaezivotot2

 

Секоја епизода претставува две уникатни приказни за семејствата и нивните најблиски додека доживуваат незаборавни моменти кои ќе им го променат животот засекогаш. Драматични приказни, шокантни откритија и големи изненадувања се снимаат во реално време и се прикажуваат без цензура.

 

Toaezivotot3

 

Од првите чекори на една жена која никогаш не одела, татко кој после долго време се соединува со изгубен член на семејството и глувродител кој за прв пат слуша „Те сакам" од своето дете... гледачите заедно со сите од нив ќе ги споделат незаборавните и интимните моменти низ оваа драматична серија која допира во сржта на семејниот живот.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012