54654

Нови авантури на Дискавери со Ед Стафорд, препуштен на смртта

 

Нов серијал на Дискавери

 

Ед Стафорд: Препуштен на смртта е нова авантуристичка серија која го следи Ед Стафорд во обидот до побегне од некои од најсуровите места на нашата планета за помалку од 10 дена.

 

Edstafordnova20171

 

Го очекуваат суптропски шуми, пустини и планини. Оставен во дивина без опрема за преживување, Ед има само 10 дена да стигне до цивилизација – поместувајќи ги човечките граници на издржливост. Секоја епизода се снима во различна земја, а препуштен на смрт бил на Мадагаскар, во Бугарија, Монголија, Лаос, Боливија и Панама.

 

Edstafordnova20172

 

Ед со себе носи камера за да се снима самиот себе, но ништо друго. Без мапа, компас или алат, мора да се потпре на своите инстинкти и волјата да преживее во борбата против гладта, жедта, уморот и препреките кои го загрозуваат неговиот живот. Некои од предизвиците со кои се соочува се толку опасни што има потреба од сигурносен тим да го следи од далечина и да го спасат во случај нешто да тргне на лошо. Оваа серија докажува дека преживувањето не е само тест на физичката сила  туку и на менталната агилност и непропустливата одлучност кои се клучни за преживување.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012