54654

Многу љубов под еден кров: Запознајте ги Потмансови на TLC

 

Големото семејство на малите екрани

 

Семејството Потмансови брои 25 члена. Три генерации, десет возрасни и петнаесет деца, сите живеат во една куќа. Како изгледа нивниот соживот ни прикажува каналот ТЛЦ од 11 ноември во 20 часот. Ви откриваме дека во текот на прикажувањето на серијата ќе имате прилика да го запознаете и 26иот член на семејството Потманс.

 

Potsmanovi1

 

Бил и Барб Потманс изгледаат како просечно американско семејство: во брак се 33 години, имаат четири деца и сакаат времето да го поминуваат со внуците.  Сепак, нивното семејство кое сеуште расте, живее малку поинаку од останатите. Кога децата ќе пораснат не се селат од дома дури и кога ќе се венчаат. Заеднички ги водат финансиите и децата ги воспитуваат како едно големо семејство. Оваа година семејството со нетрпение го очекуваат доаѓањето на новото бебе, со кое ќе бидат 26 члена!

 

Potsmanovi2

 

Освен тоа, време е за надоградба и припрема за градба на нова и поголема куќа, која ќе биде посоодветна за толку големо семејство. Но дали семејството покрај толку големи промени кои ги очекуваат ќе успеат да ги пребродат препреките и дали ќе се промени нивниот однос?

 По што  семејството Потмансови е толку различно од останатите?

 

Potsmanovi3

 

Зборот поврзани не го опишува доволно добро ова големо семејство, кое дели апсолутно се, од банкарски сметки до само две бањи. Семејството Потманс го сочинуваат Бил и Барб Потманс кои се на чело на домаќинството, нивните четири деца и нивните сопружници, како ѝ вкупно петнаесет внуци. Во нивното домаќинство ретко ќе наидете на досадни моменти (како и приватност) додека семејството со заеднички сили го гради својот дом од соништата, заедно имаат подеми и падови.

 

Potsmanovi4

 

Во оваа сезона Блер, ќерката единец, и нејзиниот сопруг Џејми ќе добијат дете, што значи семејството ќе го дочека 26иот член на кланот Потманс.

Семејството се соочува со суровата реалност и здравствените проблеми на таткото и дедото Бил, а тој не е единствениот член кој е присилен да се соочи со стравот. Кејси Потманс, сопруга на синот Брендон, е соочена со семејното минато заради кое е присилена да донесе некои тешки одлуки за својата иднина. Потмансови сите препреки ги решаваат заедно и притоа го редефинираат поимот американско семејство.

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012