54654

Потрагата за скриените пари на Пабло Ескобар од недела на Дискавери

 

Каде се милионите на Пабло Ескобар?

 

Наркос, но овој пат со вистински агенти и соработници на Пабло Ескобар, „кралот на кокаинот“ и еден од најбараните и најбогати криминалци во историјата ве очекува во недела на Дискавери во 22 часот. На врвот на својата моќ, во осумдесеттите години, Ескобар заработуваше дури 400 милиони долари неделно. Оваа импозантна количина на пари бараше и посебна креативност во трошењето, а кога идеите ги снема, богатството од пари започнал да го закопува на внимателно избрани локации низ цела Колумбија.

 

Milionitenaeskobar1

 

Дискавери каналот доби ексклузивен пристап и благодарение на поддршката од владата на Колумбија, покрената е уникатна експедиција за целите на серијата „Во потрага на милионите на Ескобар“.

Точната количина на пари сѐ уште не е позната во подземните скривалишта. Се верува дека еден ден е откопан и земен од страна на најблиските соработници на Ескобар, непосредно по неговата смрт. Сепак сите, вклучувајќи ги тука и американските агенти, се согласуваат дека има уште многу пари кои не се пронајдени. Професионална истрага никогаш не е покрената, како ни адекватно пребарување на теренот...сѐ до сега!

 

Milionitenaeskobar2

 

 Во потрагата учествуваа професионални трагачи по богатство, поранешните соработници на Ескобар и американските агенти од ДЕА (Drug Enforcement Administration). Овој тим ќе патува ширум Колумбија и ќе ги бара трагите во градовите и селата на кокаинското царство. Заради опсегот на експедицијата и потенцијалните сигурносни проблеми, во секој момент експедицијата ќе ја штитат приватни професионалци и единици на колумбиската војска.

 

Milionitenaeskobar3

 

Како изгледа потрагата по богатство од епски размери, колку лични влогови се во игра, какви сеќавања и искустваа имаат оние кои се бореле во нарко војната, гледајте во новиот серијал на Дискавери секоја недела во 22 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012