54654

Ново лице на лидерската позиција во Дискавери за ЕМЕА регионот

 

Ново лице ќе го управува Дискавери за Европа, Африка и Средниот Исток

 

Неодамна се случија промени во менаџерскиот тим на Дискавери за Европа, Средниот Исток и Африка (ЕМЕА регион). На прес-конференцијата во Лондон на крајот од минатиот месец, на чело на лидерските функции застанаа нови лица кои со своето искуство и знаење ќе го унапредат брендот во овој регион.

 

Kasiakeli1

 

Дискавери комуникејшнс ја трансформира својата структура на регионалните бизниси низ Европа, Средниот Исток и Африка (ЕМЕА), за да консолидира својата позиција како глобален лидер на забавната програма за сите видови екрани и услуги, и да креира средина која ќе го оптимизира бизнисот додека се насочува кон нови полиња на раст. Одлуката е веднаш ефективна и Кејша Кајли е именувана за претседател и управувачки директор за ЕМЕА регионот.

 Дискавери направи големи инвестиции во ЕМЕА регионот во последните години, од аквизицијата на Еуроспорт и добивање на ексклузивни права за пренос, вклучувајќи ги и Олимписките игри од 2018-2024, до директни дигитални производи како Dplay, кој има попиуларни забавни и спортски содржини за Италија, Норвешка, Шведка и Данска, преку партенрството со ProSiebenSat1 во Германија за стриминг сервисот кој ги нуди најдобрите содржини од двете компании. Дискавери исто направи прогрес во растот на сопствениот спортски стриминг сервис низ Европа со EurosportPlayer.

 

Kasiakeli2

 

 На новата позиција Кајли ќе го забрза консумерскиот и производно-насочен оперативен модел низ регионот од кој има најголем приход. Со консолидирање на деловните единици кои претходно беа разделени на Велика Британија, Јужна Европа и CEEMEA регионот, еден кохезивен лидерски тим ќе се насочи на оптимизирање на главниот бизнис додека галопира кон нови полиња за раст.

 Кајли е 17-годишен ветеран во Дискавери, која претходно ги раководеше операциите на 112 пазари кои ги формираа активностите на CEEMEA регионот.. Таа успеа да ги трансформира активностите од основни операции за дистрибуција на основните канали, во просперитетна, локално релевантна организација, која денес нуди претплатнички ТВ канали кои слободно се емитуваат заедно со дигиталните продукти на два континента. За новата позиција, таа изјави :

 

Kasiakeli3

 

„Се придружив на Дискавери во 2000 година бидејќи го сакав брендот, верував во неговите вредности и ги видов можностите кои ги создаваше. Сѐ уште ја делам истата возбуда со милионите гледачи кои ја гледаат нашата програма секој ден и сакаат да бидат забавувани, инспирирани и воодушевени. По 17 години, јас верувам дека Дискавери е посилен од било кога порано. Во овој возбудлив период ние на нашите фанови може да им понудиме толку многу начини да се поврзат со содржината што тие ја сакаат преку многубројните партнерства, платформи и уреди.“  

 

Дани | ТВ Пакет

1 300

300x300 Min3

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012