54654

Промоција на „Визуелните уметности во МК во XX век“ во галерија Остен

 

Промоција на 25 јануари, 19.30 часот - галерија Остен

 

Оваа публикација се фокусира на строгата селекција на авторите од визуелните уметности во ХХ век, кои ги обележуваат зародокот, развитокот и подемот на визуелната емпирија што ги изместува кодовите на вообичаените дисциплини во оваа сфера на творештво. Акцентот е ставен на оние учесници во ликовното презентирање кои биле нагласено иновативни и поекспонирани на изложбите во државава и во странство, како аргументи подеднакво за нивната активност и вредносна стојност.

 

Multimedumet

 

Кај нив на флексибилен начин се третираат границите меѓу сликарството, скулптурата и/или графиката со нагласување и на влегувањето во интердисциплинарни релации, мислејќи ги тука презентациите на самите концепти или идеи како уметнички ентитети, вклучувањето во делото на опкружувањето (екстериерот или ентериерот), дел од новите технологии, играта / танцот, нагласеното користење на неуметничките материјали и сл.

 

Multimedumet1

 

Книга 2 се фокусира на 42 творци (родени во периодот од 1936 до 1974): Лилјана Ѓузелова | Душан Перчинков | Никола Фиданоски и Симон Шемов | Виолета Блажевска и Богдан Грабулоски | Олга Милиќ | Симон Узуновски | Драгољуб Бежан и Милош Коџоман | Драган Петковиќ | Мице Јанкуловски | Венко Цветков | Глигор Стефанов | Елизабета Аврамовска - Бети | Петре Николоски | Милчо Манчевски | Станко Павлески | Исмет Рамиќевиќ | Роберт Глигоров | Златко Трајковски | Вана Урошевиќ | Јован Шумковски | Жанета Вангели | Антони Мазневски | Игор Тошевски | Искра Димитрова | Симонида Филипова Китановска | Мирна Арсовска | Виолета Чаповска | Роберт Јанкулоски | Ирена Паскали | Љупка Делeва | Елпида Хаџи Василева | Нада Прља | Оливер Мусовиќ | Моника Мотеска | Ана Стојковиќ | Игор Сековски | Славица Јанешлиева | Весна Стефановска | Христина Иваноска.

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012