Почетна / Филм / Ана Каренина

Ана Каренина

„Има толку љубови колку што има и срца“ – Толстој

Едно од најдобрите книжевни дела во историјата на светската литература доаѓа преточено во неверојатна филмска приказна со брилијантна актерска екипа.

16. ноември

Ана Каренина
Режија: Џо Рајт (Pride and Prejudice, Atonement)
Сценарио: Том Стопард (Shakespeare in Love)
Улоги: Кира Најтли, Џад Ло, Арон Тејлор-Џонсон, Кели Мекдоналд, Метју Мекфејден, Рут Вилсон, Оливија Вилијамс, Емили Вотсон
Жанр: драма

Ана Каренина, несреќната сопруга на високиот руски функционер Алексеј Каренин сака да биде мајка на неговиот син, но не и негова сопруга. Таа е доволно дрска да и погледне на вистината во очи и да ја бара љубовта на друго место, во прегратките на грофот Алексеј Вронски, несудената љубов на Кити Шчербацка, таа сака да биде негова љубовница, но не и мајка на неговите деца. Каренина и се препушта на забранетата љубов и јавно го искажува она што сите помалку или повеќе го прават, не земајќи го предвид лажниот морал кој руското високо општество се труди да го задржи.

 

 

 

 

Боби Китанов | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | МРТ ви ја претставува празничната филмска понуда

Богата новогодишна програма им приредува јавниот сервис на своите граѓани. Уште пред стартот на Новата …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!