Почетна / Живот / Апел за помош, децата немаат пари ни за кифла!

Апел за помош, децата немаат пари ни за кифла!

Се молат информативните редакции на телевизиите да обрнат внимание на несреќниот живот што го живеат децата на Ванчо и на Славица од велешкото село Слп. Ширењето на веста можеби ќе ја разбуди свеста на оние што навистина можат да помогнат. На Игор, Спасе, Никола и Филип помошта им е неопходна. Повеќе за овој случај раскажува весникот “Вечер“.

 

 

Игор, Спасе, Никола и Филип немаат пари ни за кифла!

На возраст од седум до 13 години секојдневно патуваат со воз до Велес за да ги посетуваат настава во основното училиште “Васил Главинов”. Железничката станица Рајко Жинзифов” е нивниот втор дом. Од селото доаѓаат на станицата и со часови го чекаат возот со којшто патуваат до и од училиштето. Нивниот татко Ванчо вели дека со тешко срце ги гледа своите деца како се мачат. Игор, Спасе, Никола и Филип не добиваат ни кифли за ужинка како сите други ученици во училиштето

На маките на четирите деца на Ванчо и Славица од велешкото село Слп, и покрај ветувањата, и понатаму им нема крај. Игор, Спасе, Никола и Филип, на возраст од седум до 13 години, секојдневно патуваат со воз до Велес за да ги посетуваат настава во основното училиште “Васил Главинов”. Железничката станица Рајко Жинзифов” е нивниот втор дом. Од селото доаѓаат на станицата и со часови го чекаат возот со којшто патуваат до и од училиштето. А тој често и со часови доцни. А за да стасаат до станицата, треба да испешачат десетина километри по земјен пат. Нивниот татко Ванчо вели дека со тешко срце ги гледа своите деца како се мачат. На децата им е особено тешко зиме и кога врне. Училиштето во селото Слп не работи со години, зашто жителите се иселени и нема деца. Таткото Ванчо вели дека институциите со години немаат слух за нивните проблеми. Минатата година општината им ветила помош, меѓутоа по само еден месец таа помош престанала. А децата и нивниот татко не бараат многу. Бараат само да им ги платат месечните карти, што Ванчо го чинат околу педесет евра месечно, и децата да добиваат барем по една кифла, како сите други ученици во училиштето.

Лани ни дадоа пари за само еден месец и толку. Повеќе не плаќаат за патните трошоци. Ниту храна во училиштето не им даваат. Нивното школување ме чини скапо. Земам само седум илјади денари од бирото. Од Колска, каде што работев, ме прогласија за технолошки вишок. Сега сум под бирото. Сите само ветуваат, но никој не помага”, рече таткото Ванчо.

За да биде проблемот уште поголем, таткото Ванчо ни рече дека од неодамна му бил укинат и месечниот паричен надомест за детски додаток. Од Центарот за социјални работи не му објасниле конкретно зошто му е ускратена помошта, туку, едноставно, откако бил прогласен за технолошки вишок, детскиот додаток му бил укинат.

“До пред неколку месеци земав детски додаток за децата. Со тие пари колку-толку затнував некоја дупка. Но, сега веќе не ги добивам овие пари. Бев таму да ми објаснат зошто ми ги прекинаа, но ништо конкретно не ми кажаа. Ми рекоа дека е така зашто сум бил технолошки вишок. Јас кога работев, земав 15 илјади денари и добивав детски додаток, а сега земам седум и не добивам ништо за децата. Навистина не знам зошто”, ни рече Ванчо.

Игор, Спасе, Никола и Филип не добиваат ни кифли како сите други ученици. Нивниот татко вели дека нема пари да плати, па неговите деца понекогаш од дома си носат парче леб, а многу почесто се гладни. Првите луѓе на Општина Велес, кои наголемо минатата година ветија дека ќе им помогнат на четирите деца од Слп без поголеми проблеми да учат во Велес, не го исполнија ветувањето. Требаше само да им обезбедат месечни карти. Ништо повеќе. Зошто? Одговор не добивме. Секна и едномесечната помош од некои фирми кои им ја дадоа минатата година. Се е по старо.

И без ветената помош четирите деца и понатаму секое утро со воз доаѓаат во училиштето и по наставата повторно се враќаат во својот дом во селото. Тие и нивните родители Ванчо и Славица не ја губат надежта дека некои од институциите ќе им помогнат. Нивниот татко вели дека ако треба тој нема да јаде, ама нема да дозволи неговите деца да не одат во училиште.

 

 

 

Текстот е преземен од весникот Вечер

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен е вториот инкубаторски повик на Стартап Клуб Скопје

Време е за нови стартап бизниси на нашата сцена! – Стартап Клуб Скопје првиот централен …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!