Почетна / Сапуници / Бали Беј во тага!

Бали Беј во тага!

Вчерашната епизода од “Величествениот” донесе нова трагедија, чумата која почна да се шири во околината го однесе животот на љубената на Бали Беј, Армин. Неговите постапки беа вистински пример за голема и безусловна љубов, и покрај тоа што имаше можност да ја прифати болеста од Армин, Бали Беј постојано беше со неа, до последната секунда од нејзиниот живот ја држеше нејзината рака.

 

Во меѓувреме, драмата околу Нигер Калфа и Ибрахим Паша станува се подинамична, сега тој сака да се ослободи од неа, да ја прати да живее на друго место и да ја омажи. Хурем Султан е среќна, бидејќи смета дека принцезата е веќе далеку од Сулејман, но незнаејќи дека Ибрахим Паша го спречи нејзиното бегство. Во следната епизода не очекува уште поголема драма, враќањето на Хатиџе Султан ќе ја врати и лудоста во нејзината глава откако ќе ја забележи наметката на Нигер Калфа во нејзината спална соба.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според Телма „наскоро” ќе започне серијата која веќе им започна

Во стандардниот термин од 13.45 часот, Телма телевизија започна со емитување на најновата хит теленовела. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!