Почетна / Живот / Бата Живојиновиќ се избори за живот!

Бата Живојиновиќ се избори за живот!

Велимир Бата Живојиновиќ успешно се опоравува од мозочниот удар што го доживеа во вторникот.

 

 

Легендарниот актер се наоѓа надвор од животна опасност, а докторите прогнозираат дека неговата состојба ќе се подобри уште повеќе. Заменичката на директорот од болницата „Света Сава“, др. Ранка Тодоровиќ вели дека на актерот му пукнал крвен сад во мозокот.

„Ситуацијата во четвртокот беше многу посериозна од сега. Ништо не можеше да се прогнозира. Сега можеме да кажеме дека е стабилен и оти се опоравува. Засега нема никакви опасности. Сепак, треба да се знае дека првите три недели од мозочниот удар сеуште се критични. Тој е сместен на Одделението за интензивна нега, одвоен е, и како и сите останати пациенти, за него се води грижа 24 часа“, изјави Тодоровиќ.

Пред шест години Живојиновиќ преживеа срцев удар. Поради инфарктот, срцето му е оштетено, крвните садови му се во лоша состојба, а исто така е и дијабетичар. Боледуваше од гангрена која успешно ја излечи во Куба 2009-та година и од тоа нема никакви последици.
 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен е вториот инкубаторски повик на Стартап Клуб Скопје

Време е за нови стартап бизниси на нашата сцена! – Стартап Клуб Скопје првиот централен …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!