Почетна / Филм / Бекстејџ на 63-от „Берлински филмски фестивал“

Бекстејџ на 63-от „Берлински филмски фестивал“

 

Естрадниот магазин од зад сцената „Бекстејџ“ веќе втора година единствен медиум од Македонија кој информира за она што се случува во периодот додека на Берлин му се случува „Берлински филмски фестивал“.

Во четвртокот на 7-ми февруари стартуваше 63-то издание на овој фестивал, кој ќе трае до 17-ти овој месец. Нашата дежурна новинарска екипа составена од Јулија Цветковска – новинар и Владимир Стојаноски – снимател, веќе се дел од грандиозниот „Берлински филмски фестивал“. Денес со почеток во 18 часот и 30 минути на Сител телевизија и првите визуелни импресии од гламурот и се она што се случува во позадина за време на „Берлинскиот филмски фестивал“.

 

 

Овој фестивал во четвртокот беше отворен со филмот на режисерот Вонг-Кар-ваи „The Grand master“. „Златната Мечка“ е најпрестижната награда на овој фестивал посветен на седмата уметност. Во тркатата за најдобар филм влегуваат околу 19 играни филмови, во кои се појавуваат и новите филмови на Стивен Содерберг, Гас ван Санта и најавени се три филмови во кои ќе се појават три француски филмски диви. Интересно е оваа година и што Казахстан и Иран ќе влезат во трка за „Златната Мечка“. Од Иран ќе биде претставен филмот „Closed Curtain“ кој е во режија на Јафар Панах и неговиот колега Камбози Партов. Додека пак од Казахстан „Harmony Lessons“ во режија на Емир Бегазин. Мет Дејмон е ѕвездата која ќе се појави во филмот „Promised Land“ во режија на Ван Санта и ѕвездите од калибарот на Џат Лоу и Кетрин Зета-Џонс во „Side Effects“ на Содеберг, филмски остварувања кои доаѓаат од САД.

 

На ова 63-то „Берлинале“ помеѓу повпечатливите и позначајни филмови, се сметаат филмот на босанско – херцеговскиот режисер Данис Тановиќ „Епизода во животот на берачот на железо“ како и романскиот режисер Калина Петра со филмот „Child’s Pose“. Француската филмска дива која воедно беше и главната ѕвезда на минатогодинешно 33-то издание на нашиот домашен најреномиран филмски фестивал „Браќа Манаки“, Кетрин Денев ќе игра во филмот „On My Way“. Додека пак нејзините колешки Жилиет Бинеш во „Camille Claudel 1915“ и Изабел Ипер во филмот насловен „The Nun“.

Помеѓу другите на листата се наоѓаат и германските филмски остварувања како што е „Голд“ со Нина Хос, која минатата година беше главната хероина во филмот „Барбара“ и кој ги доби најпозитивните критики на „Берлиналето“. Во конкуренција влегуваат и други режисери од повеќе европски земји чии приказни ги сместиле на филмска лента: Русија „A Lonf and Haooy Life“, Канада „Vic + Flo Saw a Bear“, Малгошка „In the Naume of“, САД на Малошка Шумовска за полскиот свештеник хомосексуалец „Prince Avalanche“, како и „Глориа“ од чилијанскиот режисер Себастијан Лели и „Paradise: Hope“ од австрискиот режисер, Улрих Сидл и јужнокорејскиот филм „Nobody’s Daugher Haewon“.

 

 

Во трката за „Златната Мечка“ ќе бидат и нашите соседи од Србија со четири филмови:  документарецот на Иван Тодоровиќ, филмовите на Срџан Голубовиќ и Марта Попивода и анимираниот филм на Ане Недељковиќ и Никол Мајдак.

Кој филм ќе се закити со титулата „Златна Мечка“ ќе одлучи седучленото жири на чело со режисерот Вонг Кар-вапем, како и режисерите Сузан Бир од Данска, Елен Курас од САД, Андреас Дрезен од Германија, Ширин Нешат од Иран и Атина Рејчел Цангари од Грција, како и американскиот актер, Тим Робинсон.

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | МРТ ви ја претставува празничната филмска понуда

Богата новогодишна програма им приредува јавниот сервис на своите граѓани. Уште пред стартот на Новата …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!