Почетна / Забава / Бојан Бјелиќ и Дара Бубамара се скараа?

Бојан Бјелиќ и Дара Бубамара се скараа?

 

Откако ја снимија песната Погледом те скидам, која стана една од најслушаните летни хитови, Бојан Бјелиќ и Дара Бубамара престанаа да комуницираат. Иако во медиумите тие двајца никогаш не размениле неубави зборови, факт е дека промоцијата за песната што требаше да се случи не ја видовме. „Бојан и Дара веќе долго време се во затегнати односи. Иако песната стана голем хит, тие двајца ниту еднаш не ја исполнија заедно, а ретки беа и телевизиските гостувања“, вели изворот и додава дека сите мислат оти песната всушност е на Дара.

„Во јавноста се создаде погрешна слика дека ова е заедничка песна, а неретко и дека е на Дара. Всушност Бојан прв ја слушна песната и ја покани Дара да гостува во неа. Бојан беше тој кого го фасцинираше песната, иако пејачот центлменски тие наслови на медиумите никогаш не сакаше да ги коментира“, заклучува изворот.

 

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Меѓу срцето и умот“ со врвната виолинистка Алена Баева

Оркестарот на Македонската филхармонија в четврток, со почеток во 20 часот одржа концерт насловен „Меѓу …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!