Почетна / Серии / „Вештерките“ ќе ја маѓепсаат младата публика!

„Вештерките“ ќе ја маѓепсаат младата публика!

Поминаа години откако на младата телевизиска публика во Македонија последен пат и беше понудена соодветна забавна програма. Наливот на турски серии направи да се заборават фантастичните серии како „Волшебнички“, „Очајни домаќинки“, „Изгубени“, „Грдата Бети“, „Бегство од затвор“ и ред други. „Вештерките“ што во вторник ќе „долетаат“ на фрекфенцијата на Сител можеби се само најава за програмата за млади што оваа телевизија ќе ја понуди во иднина. Да не заборавиме дека неодамна тие ги најавија „Беверли Хилс“, „Мелроуз Плејс“, „Куќата на Анубис“, како и новата сезона од „Грдата Бети“, а секако ја користиме можноста да им го предложиме и феноменот „Интернат“ што одлично би се вклопил во програмата после „Вештерките“.

 

 

Да се задржиме на нив. Дали знаете што значи магијата? Верувајте во себе, зајакнете ја вашата самодоверба и ќе добиете моќ да го сторите и невозможното, ете тоа е еден вид магија. Со оваа паметна мисла Сител го најавува својот „магнет“ за една поинаква публика од досегашната. Приказната зборува за Кеси. Таа е навидум обична девојка, без многу пријатели и некоја особена популарност во колеџот. Но кога сите би го имале она што го поседува Кеси, се друго би било во втор план.

Пред неа паѓа ангел, но тој ангел ќе стане вистински демон кога ќе ги почувствува злобните сили што владеат на земјата. Неговото појавување ќе ја натера Кеси да ја истражува историјата на стариот колеџ во кој живее, а магичното минато ќе и го покаже патот до откривањето на сопствените моќи. Новата избраничка ќе ги спои минатото и сегашноста, а волшебството ќе ги разбуди духовите. Немирот во стариот елитен колеџ допрва доаѓа, а доаѓа и новата серија на Сител телевизија. Од вторник, по „Дневник 2“, ве очекува популарната серија „Вештерки“.

 

ново промо

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм на Телма со реприза на данската крими серија „ДНК”

Истражителот од Кпенхаген, Ролф Ларсен, е во потрага по киднапирана девојка со необична бенка на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!