Почетна / Живот / Гробот на Тоше во распад, срам за Македонија!

Гробот на Тоше во распад, срам за Македонија!

Додека во Скопје секој момент се носат одлуки за нови грандиозни објекти, Крушево и фановите на Тоше Проески се срамат од вечното почивалиште на големата македонска ѕвезда.

 

Импровизираната гробница во која мртвото тело на Проески требаше да лежи максимум една година, стана негов дом веќе четири години, објавува весникот “Дневник”. Телото на пејачот е покриено со земја која постојано тоне, а земјата е покриена само со теписон од вештачка трева. Гробот се распаѓа, објасни обезбедувањето на гробното место.

– Покривот го направивме како привремен објект за една година. Надлежните не сакаа да вложуваат многу пари, затоа што, според плановите, по една година требаше да почне изградбата на споменикот. Еве поминаа повеќе од четири години, а привремениот покрив си стана траен. – изјавува мајсторот Никола Цветковски за “Дневник”.

Од состојбата на гробот на Тоше не се задоволни ниту туристите, но надлежните никако да почнат да работат на изградбата на најавеното спомен-обележје. Зар Тоше го заслужи овој срам?




Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен е вториот инкубаторски повик на Стартап Клуб Скопје

Време е за нови стартап бизниси на нашата сцена! – Стартап Клуб Скопје првиот централен …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!