Почетна / Забава / Евровизија / Делегацијата на Хрватска краде по хотели!

Делегацијата на Хрватска краде по хотели!

Пред утрешното второ полуфинале на фестивалот „Евровизија“ се појавија нови скандали што ја посрамотија Хрватска, една од земјите учеснички на овој фестивал.

 

 

Имено, Ивана Чабраја, пратечкиот вокал на овогодинешната хрватска претставничка Нина Бадриќ, крадела вредни фотографии од хотелските соби на хотелот „Хилтон“ во Баку. Секаде каде што престојувала делегацијата на Хрватска се забележувал недостаток на вредни фотографии кои што биле закачени на ѕидовите. Таа ги ставала во својот куфер без да размисли дека сигурносните камери будно ја следат. Обезбедувањето реагирало дискретно за да се избегне голем скандал, влегле во нејзината соба и ги нашле украдените предмети.

Еве што изјавил Кадир Мехедов, еден од менаџерите на хотелот:

„Точно е дека имавме проблем со хрватската делегација, но политикaта на куќата е дека не можам јавно да изнесувам никакви информации за гостите ниту пак за инцидентите во кои тие учествувале“.

Но тоа не е единствениот скандал поврзан со евровизиската делегација на Хрватска. Во неделата на полноќ пијаните членови на оваа делегација удирале со знамињата на вратите од хотелските соби и ги вознемирувале останатите гости во хотелот.

 

 

 

Martin M. | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црна Гора одбра песна – се враќа на голема врата на Евровизија 2025

Вечерва во Подгорица, Црна Гора, се одржа националниoт избор за Евровизија 2025, Montesong 2024, со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!