Почетна / МК Сцена / Интервју | Кој е Антонио од „Сите наши песни“

Интервју | Кој е Антонио од „Сите наши песни“

 

Во денешното интервју повторно ќе се дружиме со ѕвезда од новото шоу „Сите наши песни“, коешто се емитува на Македонската телевизија и чија цел е зачувувањето на македонската песна.

Проектот штотуку започна, а на сцената веќе исфрли голем број млади ѕвезди полни со харизма. Да дознаеме нешто повеќе за битолчанецот Антонио Стевановски (21) којшто во последното издание од шоуто се претстави со песна од Дарио.

 

 

Антонио, од кога се занимаваш со музика?
– Со музика се занимавам веке 4-5 години, вежбам активно и се стремам кон подобри резултати.

Идејата да се пријавиш во „Сите наши песни“, беше твоја или некој те поттикна да го сториш тоа?
– Едно мирно попладне седевме кај мојот братучед Никола, го поздравувам во оваа прилика и тој едноставно ме охрабри и ми ја даде идејата да се пријавам во шоуто.

 

 

Со која песна се претстави?
– Се претставив со песната од „Косоока“ од Дарио.

Имаш ли идол од македонската сцена?
– Секако дека имам. Идол на македонската сцена еден и единствен – Влатко Лозановски Лозано. Да не објаснувам многу за него, едноставно единствениот збор за него е „најјак“.

 

Имаш учествувано на „Канео Фест“ и имаш добиено награда, раскажи ни нешто повеќе за тоа.
– Па да, 2011. година беше мојот прв настап на сцена и се покажав особено добро, освоив награда за Најдобар дебитант на фестивалот, тоа ме охрабри да продолжам да се занимавам со музика и да вежбам.

 

Имаш снимено и песна со сопствен текст и музика, тоа е добар чекор за еден особено млад дечко како тебе, од кој наследи толкава дарба за музика?
– Па покрај песната со којашто настапив на „Канео Фест“, имам моја автобиографска песна којашто можете да ја слушнете на линкот во прилог. Текстот е мој, музиката исто така, во неа вложив многу чуства и емоции. Инаку, во мојата фамилија има многу музичари. Најголем музичар беше мојот покоен дедо којшто беше многу добар изведувач на народни староградски песни. Имаше снимено неколку емисии во Македонската радио телевизија.

 

 

Дали остваруваш нови пријателства во текот на снимањето на шоуто „Сите наши песни“?
– Се разбира дека основањето на нови пријателства е неизбежно. Сите натпреварувачи се супер комуникативни, ги поздравувам сите колеги и колешки.

 

Дали освен во музиката, се гледаш и во некој друг правец во шоубизнисот?
– Освен тоа што музиката ми е на моето прво место, многу сакам да позирам, а и да фотографирам. Особено добро се снаоѓам со апаратот.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малото девојче од дијаспората направи одлично интервју со Каролина

Малата Анастасија која живее во Германија успеа да направи одлично интервју со нашата маестрална Каролина …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!