Почетна / Живот / Интернет гигантите удрија и на модата!

Интернет гигантите удрија и на модата!

Интернет гигантите се повеќе владеат со светот. Елементите препознатливи за Facebook, Google, Youtube, Wikipedia, Twitter и слични, отсега ќе ги гледаме и без да работиме на лаптоп или на мобилен телефон.

Зошто? Затоа што дизајнерката Лумен Бигот минува многу време на социјалните мрежи, па нејзината нова колекција е инспирација од графичките елементи што ги симболизираат интернет гигантите. На сините патики можете да најдете понуда за пријателство, на светло сините ќе ве поздрави птицата на Твитер, на сивите е отсликано логото на Википедија, додека пак шарените патики се изработени со боите на Гугл.

“Голем фан сум на инспирациските блогови, исто така поминувам многу време на социјалните мрежи и ја обожавам модата, спојувањето на тие три работи доведе да настане оваа колекција. Идејата беше да се најдат најважните графички елемeнти на моите омилени социјални мрежи и да се применат на чевлите, а истовремено да се одржи есенцијата на секој бренд”, напиша дизајнерката на својата веб страна.

 

 

 

Ivana T. | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен е вториот инкубаторски повик на Стартап Клуб Скопје

Време е за нови стартап бизниси на нашата сцена! – Стартап Клуб Скопје првиот централен …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!