Почетна / Живот / Легендата Бата Живојиновиќ се бори за живот

Легендата Бата Живојиновиќ се бори за живот

Легендарниот српски актер, 79-годишниот Велимир Бата Живојиновиќ доживеа тежок мозочен удар, јавува српскиот Press.

 

Живојиновиќ мозочниот удар го доживеал во вторник и за два дена, колку што бил врзан за креветот, после сите напори на врвните доктори, прогнозите се обесхрабрувачки.

„За два дена, колку што лежи кај нас, тешко е да се прогнозира дали ќе преживее или не, но засега здравјето му е особено загрозено. Имаше тежок мозочен удар. Поспан е и тешко комуницира“, изјавил изворот за Press, додавајќи дека неговите претходни срцеви проблеми додатно ја влошиле неговата критична состојба.

„Тој преживеа инфаркт кој многу му го оштети срцето, а и крвните садови му беа во лоша состојба. Дијабетичар е, а за разлика од кардиоваскуларните проблеми, гангрената која ја лечеше потполно е санирана и нејзините траги не се ни гледаат“.

Да се надеваме дека здравствената состојба на големиот српски актер ќе се подобри.

 

 

 

 

Martin M. | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен е вториот инкубаторски повик на Стартап Клуб Скопје

Време е за нови стартап бизниси на нашата сцена! – Стартап Клуб Скопје првиот централен …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!