Почетна / Забава / Лејди Гага лансираше своја друштвена мрежа

Лејди Гага лансираше своја друштвена мрежа

Минативе месеци многу од медиумите пишуваа за друштвената мрежа која контроверзната пејачка Лејди Гага планира да ја стартува, додека едни беа скептички, други беа многу еуфорични. Пред неколку дена Гага ја лансираше својата друштвена мрежа.

 

На интернет може да се прочитаат коментари дека сервисот не е воопшто иновативен и дека е комбинација на сервисите Pinterest и Reddit. Целата содржина е посветена на случувањата од приватниот и јавниот живот на Лејди Гага, со многу чет-соби. Корисниците на оваа друштвена мрежа можат да гласаат позитивно или негативно на содржината која ја поставуваат другите фанови, директно да набавуваат карти за концерти за својата миленичка и слично.

Забелешката за друштвена мрежа е тоа што доминира содржина која доаѓа од фан страни и блогови на сервисот Tumbir. Дали вам ви се допаѓа друштвената мрежа на Гага?

 

 

 

Martin M. | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Диригентот Виктор Митревски настапи во Операта во Малме

Македонскиот диригент Виктор Митревски, кој живее и работи во Виена, на 8 и 10 јануари, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!