Почетна / Забава / Македонски водител во притвор поради секс уцена

Македонски водител во притвор поради секс уцена

 

Порталот Либертас открива дека од саботата во притвор во Нови Сад е познат радио и телевизиски водител од Македонија кој води емисија на популарно Скопско радио. Оваа информација им ја потврдиле и во полицијата. Порталот успеал да стапи во контакт со уценуваното момче.

Се работи за 21 годишен студент од Нови Сад кој се занимава со музика. Димитрије Д. изјавил дека кон крајот на минатата година на забава во Белград се запознал со нашиот водител кој на втората средба, наводно, му ставил нешто во пијачката и имале секс кој водителот без да знае тој го снимал со мобилниот телефон. Според него, од декември минатата година почнал да го уценува и отворил неколку Фејсбук профили со негово име на кои неодамна објавил 10 секунди од порно снимката на која се гледал само неговиот лик, но не и на водителот.

„Тој ме злоупотреби. И бидејки не ги прифатив неговите уцени отиде до крај – објави снимки и со тоа се обиде да ме уништи“, изјавил студентот.

Вели дека претпоставува оти Македонецот не мислел дека ќе биде пријавен во полиција, но тој го сторил тоа и полицијата во Белград го привела водителот и го притворила во саботата и сеуште е во притвор со обвинение за уценување и злоупотреба на Фејсбук со лажен профил.

„Полицијата ги има и неговиот компјутер и мобилниот и сега е се во нивни раце“, вели Димитрије и верува дека Србија е правна држава и ке го казни виновникот кој му нанел штета по неговиот углед.

„Ми делуваше како фино и културно момче, не знам можеби мислеше да се шегува, но со такви работи нема игра, а би било убаво Македонската амбасада да не лобира, без разлика што тој е син на како што знам угледен бизнисмен во Македонија“, ја завршува исповеста момчето од Нови Сад кое го пријави водителот за уценување.

Во радиото во Скопје каде што тој води емисија од Белград не знаат ништо, но потврдуваат дека од понеделникот го нема на емисија.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Меѓу срцето и умот“ со врвната виолинистка Алена Баева

Оркестарот на Македонската филхармонија в четврток, со почеток во 20 часот одржа концерт насловен „Меѓу …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!