Почетна / Серии / Мерием Узерли заминала поради Киванч Татлитуг

Мерием Узерли заминала поради Киванч Татлитуг

 

Веста дека Мерием Узерли ја напушти серијата „Величествениот“ ја шокираше не само публиката во Турција туку и обожавателите на серијата ширум светот, кои не го кријат незадоволството од нејзината замена.

 

 

Имено, во последната епизода од третата сезона се појавува нова Хурем, која ја игра ценетата турска актерка Вахиде Гордум. Фановите постојано пишуваат петиции за нивната миленичка да се врати на сетот, а Вахиде да ја избркаат, но од тоа нема да биде ништо.

Гордум веќе потпиша ексклузивен договор со TIMS продукцијата, додека Мерием, наводно, веќе од есен би требало да се појави во новата серија на продукциската куќа Ay Yapim, во која партнер ќе и биде турскиот Бред Пит, односно сексипилниот Киванч Татлитуг.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела се будиме со „Големото американско железничко патување”

Во серијата „Големо Американско железничко патување“ Мајкл Портиљо ги истражува Соединетите Американски Држави тргнувајќи од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!