Сензацијата Еревеј или попознати како „Млади бунтовници“, музичка група родена од популарната серија, после 16 години повторно ќе ги полнат стадините низ Латинска Америка. Имено, тројца членови од групата Фелипе Коломбо, Бенхамин Рохас и Камила Бордонаба одлучија повторно да ја активираат групата и најавија турнеја што ќе се вика „Повторно заедно“. За жал едната членка од групата, Луисана Лопилато нема да им се придружи на оваа турнеја заради обврските со други проекти каде веќе е ангажирана. Фановите веќе започнаа да негодуваат за отсуството не четвртата членка алудирајќи дека нејзиниот сопруг Мајкл Бубле не и дозволува да се врати во оваа група.
Серијата „Rebelde Way“ важи за една од најпродаваните тинејџерски серии, а во Македонија се емитуваше на А1 телевизија. Тинејџерите собираа постери, албуми со сликички и музички цедеа од оваа група, беа особено популарни во почетокот на 2000-те години.