Почетна / Телевизија / МРТ нема врска со попската облека на стражарите

МРТ нема врска со попската облека на стражарите

 

МРТ реагира: „МРТ нема никаква врска со туристичката стража која била облеченa во попска облека на Плоштад Македонија“.

 

Согласно објавите низ електронските медиуми за наводната кривица на МРТ за несоодветното костимографско претставување на свештениците пред спомениците на македонските просветители, МРТ остро ги осудува ваквите објави од страна Детскиот Културен Центар, со образложение дека МРТ не стои зад организацијата и планирањето на било какви активности од ваков тип.

 

Единствено МРТ се стави во служба да помогне и да стави на располагање дел од свите костимографски капацитети на Детскиот Култуен Центар на нивно барање и иницијатива, како и целосна слобода да одберат по нивна желба костими од фундусот на МРТ. Апелираме до институцијата Детски Културен Центар, како организатор на наведените активности да си ги ревидира своите ставови, кон наведениот пропуст од нивна страна и да си превземе соодветни мерки.

 

Македонска Радио Телевизија

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Телма ексклузивно на Глобален медиумски конгрес во Дубаи

Медиумската индустрија се развива брзо, а бизнисите мора да се адаптираат за да напредуваат. Дизајниран …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!