Почетна / Забава / Општина Аеродром блесна во новогодишен сјај

Општина Аеродром блесна во новогодишен сјај

 

Деновиве, заврши традиционалното симболично украсување на Општина Аеродром, со што и годинава блесна во новогодишен сјај. Општина Аеродром ги украси со новогодишни сијалички средишните жардиниери на трите главни булевари во Општина Аеродром, од железничката станица, па сe до почетокот на Горно Лисиче.

Украсните новогодишни сијалички Општина Аеродром ги обезбеди во 2010. година и тие се сe уште употребливи. По завршувањето на новогодишните и божиќните празници украсните сијалички ќе бидат повторно складирани за наредните новогодишни празници. Ова е четврта година по ред откако Општина Аеродром одлучи традиционално да ги украсува јавните површини за новогодишните празници, со цел да им обезбеди на граѓаните убава претпразнична атмосфера.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Диригентот Виктор Митревски настапи во Операта во Малме

Македонскиот диригент Виктор Митревски, кој живее и работи во Виена, на 8 и 10 јануари, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!