Почетна / Живот / Осквернавен гробот на Ксенија Пајчин

Осквернавен гробот на Ксенија Пајчин

Eден месец по одбележувањето на две години од смртта на една од најубавите српски пејачки, Ксенија Пајчин, осквернавена е нејзината надгробна плоча на Новите гробишта во Белград.

 

Мајката на Ксенија, Љубица пред неколку денови ги пронашла остатоците од скршената фотографија покрај гробот. Хулиганите ја уништиле фотографијата што се наоѓала на задниот дел од споменикот. Надлежните служби се известени и се очекува да се преземат соодветни мерки за ваков вандализам да не се повтори повеќе никогаш.

Потсетуваме дека Ксенија на 16-ти март во 2010-та година беше убиена од своето момче Филип Каписода. По убиството и тој самиот си го одзеде животот.

 




Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен е вториот инкубаторски повик на Стартап Клуб Скопје

Време е за нови стартап бизниси на нашата сцена! – Стартап Клуб Скопје првиот централен …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!