Почетна / Живот / Постерот отстранет, правдата задоволена!

Постерот отстранет, правдата задоволена!

Контроверзниот постер што вчера ги згрози граѓаните на Скопје не издржа ниту 24 часа на билбордот на „Партизански одреди“. Нарачателот сам одлучил да го отстрани, а потоа даде објаснување кое што и го должеше на јавноста.

 

 

Имено, таканареченото уметничко дело „Средство за самочистење на фрески“ на уметничката група од „Скопје креатива“ било дел од фестивалот, и било изработено без никакви задни намери. Зад проектот стои Институтот за уметности и култура, и одлуката постерот да се повлече е нивна, а тоа го сториле, како што велат, „поради големата прашина што се крена околу него“.

 

 

Изгледа дека сепак почитта на верниците кон религијата победи. На ТВ Пакет вчера се отвори жестока дебата во врска со контроверзниот постер, а многумина и претераа со своите ставови.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен е вториот инкубаторски повик на Стартап Клуб Скопје

Време е за нови стартап бизниси на нашата сцена! – Стартап Клуб Скопје првиот централен …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!