Почетна / Сапуници / Првата епизода од новата серија со Наталија Ореиро

Првата епизода од новата серија со Наталија Ореиро

За сите љубители на аргентинските серии ТВ Пакет од вечерва ќе ја објавува секоја епизода од новата телекомедија со Наталија Ореиро – „Solamente vos“. Во Аргентина вечерва ќе се емитува 6-та епизода, а вие погледнете ја првата, се разбира доколку го разбирате шпанскиот јазик. Во прилог е епизодата и синопсисот.

 

За сите љубители на аргентинските серии ТВ Пакет од вечерва ќе ја објавува секоја епизода од новата телекомедија со Наталија Ореиро – „Solamente vos“. Во Аргентина вечерва ќе се емитува 6-та епизода, а вие погледнете ја првата, се разбира доколку го разбирате шпанскиот јазик. Во прилог е епизодата и синопсисот.

 

прва епизода

 

SOLAMENTE VOS | 2013
серија што го означи враќањето на Наталија Ореиро

 

„Solamente vos“ е новата телекомедија на Pol-ka која се емитува на El Trece. Оваа комедија го означува враќањето на Наталија Ореиро и Адриан Суар пред телевизиските екрани. Како дел од актерската екипа се и ѕвездите од „Ангели“ – Лали Еспосито и Еухенија Суарез.

 

 

Хуан Кусто води живот што може да се дефинира како „мирен“. Оженет е, има пет деца и петнаесет години работи како директор на еден познат оркестар. Но, неговиот свет влегува во криза кога неговата сопруга Ингрид бара време за да се посвети на самата себеси и да се пронајде во овој свет. За полошо, а делумно и како последица на нивната брачна криза, ја губи работата. Феликс, стар пријател од детството, а исто така и претседател на една дискографска куќа станува негов спасител – му нуди работа во својата компанија и му позајмува стан за живеење.

Така Хуан ја запознава Аурорa неговата нова сосетка преку ѕидот. Привлечноста е речиси моментална. Таа е фризерка и има салон за убавина во истиот блок на зградата каде што и двајцата живеат. Набрзо Хуан открива дека оваа атрактивна и млада девојка е љубовница на Феликс. Аурора бара нешто повеќе во животот на Феликс. Но тој нема намера да го растури својот брак, не сака да ја загуби привилегиранта позиција во дискографската куќа – сопственост на неговата сопруга. Наспроти ова, Хуан ќе треба да се подели помеѓу лојалноста кон својот пријател, иако не ги споделува неговите нечесни работи со сопругата и љубовницата и љубовта кон Аурора која се чини дека секој ден е се подлабока.

Но, Хуан исто така има и други мотиви на загриженост, оние поврзани со растењето на неговите пет деца, од најмалата со само 5 години до најголемата со 20 години. Дополнително неговите проблеми со Ингрид, затегнатиот однос со неговата себична сестра Денисе и со Лаутаро, неговиот татко кој штотуку „излегол од плакарот“. За Аурора животот исто така не е лесен. Покрај комплицираниот однос со Феликс, секогаш треба да посредува меѓу Росита, нејзината мајка што постојано има барања и Орландо, нејзиниот татко.
Taка започнува оваа приказна за љубов која си оди и доаѓа, за животи кои се комплицираат и менуваат. Комедија која ќе забавува, изненадува и возбудува.

Улоги: Adrián Suar, Natalia Oreiro, Muriel Santa Ana, Arturo Puig, Claudia Fontán, Juan Minujín, Eugenia Suárez, Lali Espósito, Alberto Martín, Ana María Picchio, Peto Menahem, Marina Bellat, Ángela Torres, Joaquín Flammini…

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!