Почетна / Филм / Прирачник за оптимисти

Прирачник за оптимисти

 

Режиран од врвниот режисер Дејвид О. Расел, чие последно остварување „The Fighter“ се закити со повеќе Оскар номинации и неколку награди, оваа недела светска премиера имаше неговиот најнов филм, кој воедно е и еден од фаворитите за Оскари 2013.

21. ноември

Прирачник за оптимисти
Режија: Дејвид О. Расел (The Fighter)
Сценарио: Дејвид О. Расел (The Fighter)
Улоги: Бредли Купер, Џенифер Лоренс, Роберт Де Ниро, Џаки Вивер, Џулија Стајлс, Крис Такер, Анупам Кер
Жанр: драма, комедија

 

 Филмот ја доби главната награда од публиката на последното издание на Филмскиот фестивал во Торонто. Сценариото на филмот е инспирирано од истоимениот роман на Метју Квик.

Пет Солатано губи се, куќата, сопругата и работата. Завршува во психијатриска болница и осум месеци подоцна се враќа да живее со своите родители, но незадоволен од тоа одлучува да направи се за да си го врати стариот живот. Ја запознава мистериозната девојка Тифани, која и самата има многу проблеми и работите уште толку се комплицираат. Таа одлучува дека ќе му помогне да си го врати стариот живот доколку тој и помогне неа. Меѓутоа, се ќе се промени кога судбината ќе замеша прсти.

 

 

 

 

Боби Китанов | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | МРТ ви ја претставува празничната филмска понуда

Богата новогодишна програма им приредува јавниот сервис на своите граѓани. Уште пред стартот на Новата …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!